Министерот Изаири се сретна со шефот на Генералниот директорат за проширување на ЕУ, Давид Кулен

Министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири оствари средба со претставници од  Директорат за проширување и Делегацијата на Европската Унија во Македонија, предводена од Давид Кулен, шеф на Генералниот Директорат за проширување.

На средбата се разговараше за тековните проекти кои Министерството ги реализира во рамки на ИПА програмата, со посебен акцент на ИПА 2 програмата 2014 – 2020 година и модалитетите на нејзина имплементација.

Прогресот кој Министерството го има направено во изминатиот период, како и мерките што ги презема во насока на целосно искористување на средствата од ИПА 2 програмата беа оценети како особено позитивни.