Министерот Јанакиески засади дрво во Ново Лисиче

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, денеска во рамки на 14-та акција „Ден на дрво-засади ја својата иднина“ засади садници на булеварот „Февруарски поход“ во Ново Лисиче.

– Оваа е една добра акција се со цел да се поттикне заштитата на животната средна и да се засадат што е можно поевеќе дрва. Во денешната акција се предвидува да се засадат околу 5 милиони садници и во урбаните и во руралните средини, како и во заштитниот појас на автопатиштата низ Република Македонија, истакна министерот Јанакиески.

Оваа година е седма по ред каде низ републиката се засадуваат дрва во рамки на акцијата „Ден на дрвото“.

drvca

Весна Зарезанкова член на здружението на граѓани „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“ истакна дека превозот кој е организиран во рамки на акцијата одлично функционира.

-Од штабот на „Ден на дрвото“ не известуваат дека сите граѓани бараат автобус плус, тоа значи дека заинтересираноста е голема, истакна Зарезанкова.

Таа додаде дека и излезноста на учениците од средните и основните училишта е голема, а ведно ги повика граѓаните да излезат во што поголем број и да се приклучат кон акцијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.