Македонија

Министерот Јолески на граѓаните и војниците им го честита Денот на АРМ

Министерот Јолески на граѓаните и војниците им го честита Денот на АРМ

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, на припадниците на Армијата и на сите граѓани на Република Македонија им го честита големиот празник, 18-ти Август, Денот на Армијата на Република Македонија.

-Вашето несебично залагање и посветеноста кон работата придонесуваат кон унапредувањето на мирот и безбедноста на сите граѓани на Република Македонија, истакна министерот Јолевски во честитката.

Професионалноста која секојдневно ја покажувате, додаде министерот, е пример за сите и затоа граѓаните на Република Македонија имаат огромна доверба во Вас, припадниците на Армијата на Република Македонија и вработените во Министерството за одбрана.

-Јас верувам во Вашите капацитети да придонесете кон просперитетна, силна и мирољубива Република Македонија, порача министерот Јолевски во својата честитка.

Денот на АРМ, 18-ти Август е денот кога во 1943 година е формиран баталјонот „Мирче Ацев“ на Славеј Планина. Со одлука на Владата на Република Македонија од 1993 година, истиот се слави и како ден на Армијата на Република Македонија.