Министерот Јолевски го прифати предизвикот, и тој ќе се полие со ладна вода за болните од АЛС

На градското пристаниште во Охрид, министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, заедно со музичарот Владимир Четкар ќе се полијат со ледена вода.

Со тоа се приклучуваат на глобалната кампања Ice bucket challenge за кревање на свеста за болеста Амиотрофилна Латерална Склероза, прифаќајки го предизвикот на Филип Јолевски, син на министерот за одбрана.

Воедно и двајцата ќе предизвикаат нови личности од светската политичка и уметничка сцена, да ја дадат поддршката во борбата против оваа болест.