Министерот Јолевски на Бриселски форум

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, од денес до 22-ри март 2015 година ќе учествува на Бриселскиот форум кој е во организација на Герман Маршал фондот (ГМФ).

Форумот во Брисел кој оваа година го слави својот десетгодишен јубилеј се истакнува како водечки годишен трансатлантски собир на влијателни државници, интелектуалци и бизнисмени од двете страни на Атлантскот океан. На овој собир се разменуваат мислења за стратегијата и идните приоритети на соработката меѓу Европа и Северно Американскиот Континент.

На Бриселскиот форум учествуваат лидери од над 50 земји меѓу кои Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, Високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини, повеќе министри за одбрана и надворешни работи, високи претставници од НАТО и ЕУ, претставници од Евроатлантски, невладини и меѓународни организации како и претставници од тинк-тенк заедницата и од приватниот сектор.