Министерот Јолевски на средба со членови на Британскиот парламент

Денес во Долниот дом во Лондон, министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, имаше одвоени средби со двајца членови на парламентот на Обединетото Кралство. Најнапред министерот Јолевски се сретна со д-р Лиам Фокс, кој е поранешен министер за одбрана на Обединетото Кралство, при што беа разменети мислења за актуелната состојба на полето на светскиот мир и безбедноста. За време на средбата, пратеникот Фокс, рече дека многу добро му е познат целиот случај за приемот на Македонија во Алијансата и додека дека членството на Македонија во НАТО ќе претставува еден значаен чекор не само за стабилноста на регионот, туку и во поглед на зацврснување на Алијансата и тоа треба да се случи што поскоро.

На средбата со Марк Причард, беше искажано задоволството што Република Македонија ги споделува вредностите на НАТО алијансата, иако сеуште не е дел од чадорот на самата организација. Воедно беше разговарано за начините на подобрувањето на условите во армијата и беше пренесено неговото искуство. Инаку Марк Причард е дел од програмата на парламентот за развој на квалитетна дебата за воени прашања преку учество на членовите директно во служба на воените сили.

sl2

И двајцата пратеници за време на средбата со министерот Јолевски, истакнаа дека ја поддржуваат Република Македонија во своите аспирации за членство и веруваат дека Република Македонија ќе успее во остварување на целта.

Министерот Јолевски во оваа прилика им се заблагодари на двајцата пратеници за поддршката и за разбирањето на проблемот кој го има нашата земја со Република Грција. Воено им упати покана да ја посетата Република Македонија и да ги видат способностите на македонските војници.