Министерот Јолевски оствари средба со претставниците на „Херои за Македонија“

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, денес во Министерството остварија средба со претставниците на Здружението на фамилии на загинатите припадници на вооружените сили на Македонија – херои на Македонија, соопштија од Министерството.

На средбата министерот Јолевски беше информиран за активностите на здружението, при што беше потврдено дека соработката и поддршката за ова здружение, ќе продолжи и во иднина.

Претседателот на Здружението, Владо Стојановски се заблагодари за средбата со министерот Јолевски и генералот Котески и истакна дека меѓусебните односи и контакти со Министерството и со Армијата на Република Македонија се одлични и дека треба да се работи во насока на тоа овие односи и меѓусебното почитување да се негуваат во континуитет.

DSC_0361--