Македонија,Економија

Министерот Наумофф економски jа напаѓа Турција

Министерот Наумофф економски jа напаѓа Турција

Министерот Наумофф успешно го завршува своето прво бизнис патување во Турција, во градовите Измир, Ајдин и Маниса. Ова патување е во организација на Македонскиот амбасадор во Турција Горан Ташковски и економскиот промотор во Измир Алев Сулејман.

Министерот Наумофф ја презентираше македонската конкурентна бизнис клима на големи групи на сопственици на бизниси во најголемата индустриска зона во Турција, Мустафа Кемал Ататурк како и пред претставници на Стопанската комора Ајдин и Комората на индустријалци во Ајдин.

Покрај тоа, македонската делегација оствари 15 Б2Б средби со претставници на највисоко ниво на различни компании. Четири од овие состаноци беа средби со компании кои веќе ја посетиле Македонија и ја донеле својата одлука да инвестираат во Македонија, а тие се Мensan, АК Pastik, Proline и Ser Jag.

Како резултат на ова успешнo бизнис патување, сите други компании се одлучија да ја посетат Македонија во текот на овој месец како и во месец ноември и лично да се уверат во македонската про бизнис клима како и во сите предности кои Македонија ги поседува како земја за инвестирање а кои претходно беа спомнати во презентациите на Министерот Наумофф.

Компаниите во индустриската зона, градоначалникот на општина Ефелер како и двете комори за трговија и индустрија во Ајдин се согласија да ја посетат Македонија со свои бизнис делегации.

Министерот Наумофф исто така, се сретна и со претставници на македонската дијаспора од егејскиот регион на Турција, кој ги поддржуваат напорите на министерот и Владата за привлекување на инвестиции во Македонија и кои понудија да бидат мост меѓу двете земји не само во полето на економијата, туку и во културата, образованието и сл.

Дијаспората исто така, изрази благодарност до Претседателот на Владата на Македонија г. Груевски за неговата посветеност во развивање на односите со Турција како и неговите блиски односи со македонската дијаспора во Република Турција.

Министерот Наумофф утврди дека и понатаму ќе ги проширува своите активности во Турција во соработка со Амбасадорот Ташковски и економскиот промотор Сулјеман, со цел обезбедување нови странски инвестиции во Република Македонија.