Македонија

Министерот Никола Попоски утре во Брисел

Министерот Никола Попоски утре во Брисел

Министерот за надворепни работи на Република Македноија, Никола Попоски, утре  ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на Северно–атлантскиот совет на НАТО во ИСАФ формат. Состанокот ќе се одржи во седиштето на НАТО во Брисел.

На состанокот ќе биде разгледана актуелната политичко-безбедносна состојба во Авганистан, а воедно ќе се разменат и мислења за натамошните активности на земјите членки и оперативните партнери на НАТО по завршувањето на ИСАФ мисијата кон крајот на оваа година. Предвидено е излагање на министерот Попоски кој ќе се осврне на оваа тема.