Министерот Попоски ќе учествува на Бледскиот Стратешки Форум

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски денеска учествува на Бледскиот Стратешки Форум, политички настан кој во изминативе осум години прерасна во значаен инструмент за стратешки дијалог по прашања од значење за регионот.

Покрај министерот Попоски, на Форумот ќе земат учество и други министри и високи претставници од земјите во регионот и пошироко, како и од јавниот и приватен сектор.

Форумот, во заедничка организација на Министерството за надворешни работи на Словенија и Центарот за европска перспектива од Блед, има за цел да овозможи комуникација и размена на искуства на високо ниво со цел полесна интеграција на регионот во разни сегменти, особено економскиот.

Се очекува министерот Попоски со свое обраќање да учествува во панелот посветен на Иднината на Западен Балкан – како до подобра регионална соработка.