Попоски на Конференција во Виена за бегалската криза

Попоски на Конференција во Виена за бегалската криза
Попоски на Конференција во Виена за бегалската криза

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денеска ќе учествува на Конференција за западно-балканската мигрантска рута насловена „Заедничко менаџирање на миграциите“ што се одржува во Виена, во организација на министерствата за надворешни и внатрешни работи на Австрија.

Како што соопшти МНР, главни теми на конференцијата ќе бидат разгледување на можностите за унифицирање на начинот на менаџирање на бегалско-мигрантската криза долж Балканската рута, борбата против причините за појава на кризата, начините за подобрување на соработката со трети држави како и подобрување на капацитетите на прифатно-транзитните центри во државите дел од рутата.

Покрај делегацијата од Република Македонија, на настанот ќе присуствуваат и делегации од државите од Западен Балкан, Словенија, Хрватска и Бугарија.

Конференцијата ќе ја отворат министерот за внатрешни работи на Република Австрија, Јохана Микл Лејтнер и министерот за надворешни работи, Себастијан Курц.