Министерот Попоски во друштво со Бред Пит

Министерот за надворешни работи Никола Попоски учествуваше на самитот за „Запирање на сексуалното насилство за време на конфликт“ кој се оджуваше од 10 до 13 јуни во Лондон, каде што се сретна и со холивудската ѕвезда Бред Пит.

„Двајцата во неврзан муабет разговарале за улогата на жените во носењето на одлуки, но и за неговите почетоци за глумата. Министерот бил изненаден дека актерот знаел за нашата земја. Разговарале за ситуацијата во регионот, а Пит бил запознаен и за состојбата во нашата држава. На разговорот подоцна се приклучила и сопругата на Пит, актерката Анџелина Џоли, пишува„Телеграф“.

Министерот Попоски на самитот беше поканет од британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.