недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 52

Министерот Попоски во посета на кралството Холандија

На вчерашната работна посета на Холандија, министерот Попоски имаше средба со својот колега, холандскиот министер за надворешни работи Берт Кундерс.

poposki-holandija

Поврзани вести

На вчерашната работна посета на Холандија, министерот Попоски имаше средба со својот колега, холандскиот министер за надворешни работи Берт Кундерс.

poposki-holandija-2

Попоски сретна со членови на Комисијата за ЕУ во холандскиот Парламент. Во фокусот на разговорите беше ЕУ перспективата и предизвиците со кои се соочува Република Македонија на тој пат.

Холандија, како актуелен претседавач со Советот на Европската унија и долгогдишен пријател и партнер за европската интеграција на целиот регион, сака да помогне да се придвижи македонското досие. Најдоброто сценарио е процесот на реформи да биде пресликан во рамката за водење на пристапните преговори. За таа цел потребно е час поскоро надминување на политичките предизвици со домашни ресурси.  Кај Холандија како и повеќе земји членки, следниот чекор кон ЕУ се гледа во успешно спроведување на избори врз објективни критериуми.  Перспективата за отворање на преговори е моќен инструмент за ЕУ процесот на пристапување, особено по клучните поглавја кои се поврзани со правосудството и внатрешните работи, посочи Попоски.

poposki-holandija-3

Воедно, соговорниците ги истакнаа потенцијалите за унапредување на економската и соработката во областа на туризмот.

Во реномираниот Институт за надворешни односи, Клингендајл министерот Попоски имаше излагање за предизвиците и можностите на процесот на проширување на Европската унија низ призмата на Република Македонија.

poposki-holandija-4

За време на посетата, министерот Попоски ја посети и Организацијата за забрана на хемиското оружје со седиште во Хаг, при што со генералниот директор Ахмет Узумџу разговараа за досегашната успешна соработка помеѓу Република Македонија и оваа меѓународна организација и нејзиниот придонес кон глобалниот мир и безбедност.

Најчитани вести