Македонија

Министерот Ристовски во посета на Велес

Министерот Ристовски во посета на Велес

Министерот за образование и наука Спиро Ристовски придружуван од градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев и директорите на двете училишта  денеска направи увид во реконструкцијата на  основнот училиште „Свети Кирил и Методиј“ и гимназијата „Кочо Рацин“ каде во еден дел е сместено и хемиското училиште „Димитрија Чуповски“.

Ристoвски изрази задоволство од изведените работи на реконструкција и санација на овие две велешки училишта, за кои средства се издвоени од  ресорното Министерство, односно од Владата и оцени дека ООУ „Свети Кирил и Методиј“ е едно од најдобрите училишта во земјава по внатрешниот и надворешниот изглед и начинот на одржување.

Обновата на ООУ „Свети Кирил и Методиј“, кое е едно од најстарите во земјава со 157 години постоење, беше во рамките на Владиниот проект за реконструкција на 16 основни и средни училишта во Македонија.

Во тие рамки ова велешко училиште доби нови подови,прозорци и термо-изолациска фасада, како и комплетна санација и реконструкција на кровот на што работите се при крај, а  за што од Владата беа издвоени вкупно 15,5 милиони денари.

„ Со ова реконструкција многу ќе се подобрат условите за изведување на наставата во ова училиште, а пред се ќе се намали и влагата во пооделни простории“, потенцира министерот Ристовски.

Тој истакна оти од денешниот увид можело да се забележи оти се подобрени условите за настава во гимназијата „Кочо Рацин“ каде во еден дел се изведува настава и на хемиското училиште „Димитрија Чуповски“.

Тука е извршена промена на подовите и прозорците, со што се овозможени и услови за дополнителни санации на оваа училиште.Г радежните работи на надворешната фасада на Гимназијата „Кочо Рацин“ се веќе завршени, а во наредните денови според најавата на министерот Ристовски, ќе се продолжи и со санација на фасадата  на кракот на зградата на хемиското училиште „Димитрија Чуповски“, а чија целосна санација Владата издвои вкупно 20 милиони денари.