Македонија

Министерот Ристовски во работна посета на охридско-струшкиот регион

Министерот Ристовски во работна посета на охридско-струшкиот регион

Министерот за образование и наука, Спиро Ристовски утре ќе оди во работна посета на охридско-струшкиот регион.

Во рамките на неговата посета тој прво ќе го посети  основно училиште “Единство“ во село Октиси, а потоа и училиштето  “Живко Чинго“ во село  Велгошти.

Работниот ден ќе го заокружи со посета на  касарната  “Генерал Михајло Апостолски“, кадешто дел од објектите ќе бидат преадаптирани за потребите на Универзитет за информатички науки и технологии – “Св. Апостол Павле“ – Охрид.