Македонија,Економија

Министерот Самак ќе се запознае со плановите за привлекување странски инвестиции во Велес

Министерот Самак ќе се запознае со плановите за привлекување странски инвестиции во Велес

Министерот без ресор, Веле Самак, задолжен за привлекување на странски инвестиции, денеска со почеток во 10 часот ќе оствари посета на општина Велес, при што ќе се сретне со градоначалникот на општината, Славчо Чадиев.

При посетата на општината, министерот Самак одблизу ќе се запознае со плановите на општината на полето на привлекување на нови странски инвестиции како и можноста за искористување на веќе постоечки капацитети кои не се ставени во употреба и можноста за нивно активирање.

Министерот Самак, исто така, ќе ја посети и локацијата на која германскиот инвеститор Маркардт ќе ја гради својата фабрика,  со цел да изврши увид на тековните активности за реализација на оваа инвестиција вредна над 35 милиони Евра, како и текот на постапката за откуп на земјиштето.