Министерот Тодоров денеска во Брисел

Министерот за здравство, Никола Тодоров, денеска престојува во еднодневна посета на Брисел – Белгија, каде се одржува настан по повод презентирање на извештајот на Европскиот здравствен потрошувачки индекс (European Healthcare Consumer Index – EHCI).

На покана на организаторот на настанот, Health Consumer Powerhouse (HCP), министерот Тодоров ќе одржи обраќање во врска со перформансите на здравствениот систем во Македонија.

Во рамки на посетата на Брисел, министерот Тодоров ќе оствари средба со Еврокомесарот за здравје и безбедност на храна, др. Витенис Андриукаитис (Dr.Vytenis Andriukaitis).

Според Европската Комисија, Европскиот здравствен потрошувачки индекс (EHCI) се смета за најинформативна и највлијателна проценка на европската здравствена заштита.