Министерот Тодоров ги посети повредените полицајци

Министерот за здравство, Никола Тодоров, пристигна во Ургентниот центар во Скопје каде што се пренесени полицајците кои се повредени во полициската акција што изутринава се спроведе во Куманово, пишува Телеграф.мк.

Неофицијално, на Ургентен се донесени петнаесетина повредени полицајци, од кои најмалку тројца се со сериозни повреди.

Од Кумановската болница засега има потврда само за четворица повредени, од кои тројца се пренесени на Ургентен, а еден е задржан во болницата во Куманово.