Министерот за дијаспора Адеми се сретна со американскиот амбасадор Бејли

Дијаспората е важен и значаен ресурс не само во Македонија, туку и глобално изајви во понеделникот америакнскиот амбасадор на САД Џес Вејли истакнувајќи дека ќе помогне во воспоставување на комуникација со иселениците во САД во иднина да инвестираат во Македонија. Ова Бејли го кажа на средбата со министерот без ресор задолжен за односи со дијаспората, Едмонд Адеми во Владата на Република Македонија.

На средбата Адеми истакна дека грижата за дијаспората на министерско ниво има повеќе предности. Како посебно значајни тој ги истакна потребата од измени во законската регулатива за гласање на дијаспората и интензивирањето на соработката со потенцијалните инвеститори од редовите на дијаспората, кои, како што нагласи министерот, се чувствуваат обесправени пред другите странски инвеститори.

„Немаме закон за дијаспората. Нешто што како законска регулатива постои кај сите наши соседи, и ги дефинира легалните аспектите на соработка на дијаспората со татковината“, истакна Адеми.

Амбасадорот Бејли како особено значајна ја поздрави идејата за стратегија за враќање на иселената младина во Македонија, којашто министерот ја изложи пред неговата екселенција при денешната посета.

Како посебен предизвик, министерот Едмонд Адеми ја истакна етничката поделеност на дијаспората. Една од целите на неговите активности е двете најголеми етнички заедници од Македонија, кои работат и живеат во странство, да седнат на заедничка маса и да пристапат кон соработка со Владата.

„Пред нас имаме празен лист хартија. На нас е да го испишеме со добри нешта“, подвлече Адеми.

Адеми како успешен прв чекор го нагласи очекувањето на позитивен одговор од Министерството за транспорт на Германија, во напорите напревени за граѓаните на Македонија да можат да се користат со македонските возачки дозволи во Германија.