Балкан

Министерот за финансии на Романија поднесе оставка

Министерот за финансии на Романија поднесе оставка

Министерот за финансии на Романија Даниел Кицоју, синоќа поднесе оставка, откако антикорупциските власти покренаа истрага против неговата сопруга, под сомневање за корупциски дејствија, пренесе „АФП“.

„Решив да се фокусирам повеќе на активност во Националната либерална партија, бидејќи претстојат многу важни избори оваа година, европските избори и претседателските избори“, истакнал Кицоју кој е и вицепремиер во владејачката коалиција.

Премиерот негира дека неговата оставка е поврзана со скандалот околу неговата сопруга.

На крајот од минатиот месец беше најавено дека е започната кривична истрага против Лаура Кицоју за злоупотреба на позицијата на сопругот и злоупотреба на службена дејност, додека била шеф на Агенцијата за финансиска контрола.