Министерот за миграции на Шведска со јавна поддршка за Иванов и ВМРО-ДПМНЕ

Министерот за миграции и политика на азил на Кралството Шведска, Тобиас Билстром, вечерва се обрати на митингот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Кочани.

Тој ја истакна важноста од големото пријателство меѓу двете земји.

„Овде сум да ја покажам поддршката за да ги унапредиме врските. Јавно и давам поддршка на Република Македонија. Овде давам поддршка за кандидатите пред мене, за ВМРО-ДПМНЕ, за претседателот“, рече тој.

Министерот од Кралството Шведска, на Македонија и посака голем напредок.