Министерот за надворешни работи на Латвија во посета на земјава

Во еднодневна официјална посета на Република Македонија денеска ќе престојува министерот за надворешни работи на Република Латвија Едгарс Ринкевичс.

За време на посетата министерот на Латвија ќе се сретне со претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и со својот домаќин, министерот за надворешни работи Никола Попоски.