Министерот за одбрана на Хрватска во посета на Македонија

Министерот за одбрана на Република Хрватска, Анте Котромановиќ, денеска и утре ќе престојува во посета на Република Македонија.

За време на посетата, министерот Котромановиќ ќе има средба со неговиот домаќин, министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски. Министрите за одбрана ќе потпишат и два договори за соработка, а средба ќе имаат и делегации од двете министерства.

Во рамки на посетата, министерот Котромановиќ ќе го посети и Центарот за обука на пилоти и Полкот за специјални операции во касарната „Илинден“.

фото: МИА