Министерот за одбрана на Израел: ИД се финансира со турски пари

Министерот за одбрана на Израел напомена дека терористичката Исламска држава веќе подолго време се финансира со турски пари, јавува „Раша тудеј“.

Како што знаете ИД уживаше во турските пари за нафтата мошне долг период. Се надевам дека на тоа ќе му биде ставено крај, изјави Моше Јалон пред новинарите во Атина, каде вчера имаше средба со грчкиот министер за одбрана Панос Каменос.

Русија објави снимки на кои се гледа конвој со нафта
Русија објави снимки на кои се гледа конвој со нафта

Сега, Турција, турската влада, турските власти, треба да ослучат дали сакаат да учествуваат во соработката за борба против тероризмот, а тоа не беше така досега, рече Јалом.

Слични изјави даде и Каменост, кој рече дека најголемиот дел од трговијата со нафта на ИД, како и финансиите за терористичката организација одат низ Турција.

Претходно Русија ја обвини Турција дека соработува со ИД. Во декември руското министерство за одбрана објави мапи и сателитски снимки што според нив се доказ дека турција се снабдува со нафтата што е прошверцувана од Сирија и Ирак од страна на терористите.

Русија тврдеше дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и неговото семејство се вклучени во криминалните зделки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.