Министерот за одбрана на Република Латвија во посета на Македонија

Министерот за одбрана на Република Латвија, Рејмондс Вејонис, заедно со делегација од Министерството за одбрана, денес ќе пристигне во дводневна посета на Република Македонија.

За време на посетата, министерот Вејонис ќе има средба со неговиот домаќин, министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски.

Во рамките на посетата, министерот Вејонис ќе го посети Полкот за специјални операции во касарната „Илинден“.