Министерот за правда Саљији поднесе оставка

Министерот за правда, Билен Саљији поднесе оставка поради морални причини и разнишаната доверба во судството во врска со случајот на малиот Алмир.

-Довербата во судството почна да се враќа преку случаите „Сопот“ и „Монструм“, но сепак во овие моменти чувствувам дека оваа доверба е разнишана во јавноста, но и кај мене лично, поради одлуката од пред неколку дена републичкиот јавен обвинител да го преквалификува обвинението во случајот на малиот Алмир. Оваа контроверзна одлука беше оспорена од четирите јавни обвинители. Како прв човек на Министерството за правда поради оваа разнишана доверба чувствувам морална обврска да поднесам оставка од функцијата министер, не како акт на неуспех или притисок, туку како акт за кој се надева ќе биде во правец на подигнување на свеста и вниманието на институциите и целото општество за бескомпромисни реформи на правосудството- образложи Саљији.

Билен Саљији функцијата министер за правда ја вршеше од крајот на месец мај минатата година кога и беше избрана владата под раководство на премиерот Зоран Заев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.