Министерот за внатрешни работи на Турција за корупцискиот скандал: Тоа е преврат против Владата

Новоназначениот министер за внатрешни работи на Турција, Ефкан Ала го даде своето прво интервју за државниот телевизиски канал „ТРТ“ во кое направи проценка на големата операција против коруптивните практики и мито во земјата, започнатата на 17 декември, соопшти агенцијата „Анадолија“. Ефкан Ала ги окарактеризира последователните активности како „отворен обид за државен удар против Владата“.

„Стигнавме се до таму некои да имаат смелост да отворат неколку досиеја, да ја земат нивната содржина, да одат во некое услужливо телевизиско студио и оттаму да остваруваат речиси превратот против сегашната Влада“, посочи уште новоназначениот министер за внатрешни работи на Турција, Ефкан Ала, цитиран од агенцијата „Анадолија“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.