Министерот за земјоделство во Црна Гора, фрлаше пердуви во Владата

Министерот за земјоделство на Црна Гора, Предраг Ивановиќ фрлаше денеска пердуви во Владата, лут поради пишувањето на еден весник за бројот на вработени во земјоделството.

Министерот на тој начин се обиде да ги негира тие информации. Весникот „Вијести“ објави дека во Црна Гора на крајот на минатата година биле вработени околу 2500 работници во земјоделието, 113 помалку од 2012 година.

Расфрлајќи по конференциската сала пердуви кои ги донесе во кеса, Ивановиќ истакна дека по објавената информација се јавил во неколку фирми, произведувачи и дознал дека две од 14 фирми вработуваат 1250 работници, што е половина од вкупниот број според статистиката.

Тој податок, според министерот е доволен да ги негира информациите од статистиката на кои весникот се повикува.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.