Министерство за финансии: Шилегов јавно да се извини за клеветите

Министерството за финансии испрати реакција во која остро го осуди говорот на прес-конференција на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов и побара тој јавно да се извини.

„Шилегов денес молчи. Молчи затоа што е свесен дека лажеше дека вицепремиерот Ставрески го потпишал договорот со Лудвиг Фајфер. Има две можности. Или да признае кој побарал од него да кажува невистини, или да се извини јавно. За двете опции времето немилосрдно му тече. Согласно член 13 од Законот за граѓанска одговорност за навреди и клевети му останаа уште само 24 часа. Шилегов јавно да му се извини на министерот за финансии Зоран Ставрески за лагата и клеветата. Во спротивно во среда ќе му биде поднесена тужба за клевета и навреда“, стои во рекацијата на Министерството.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.