Министерство за финансии: Тврдењата на Ременски се неточни, социјалните надоместоци се исплаќаат редовно

Техничката министерка која се жали дека доцни исплатата од Трезорот, задоцнила со доставување на налозите за исплата. Министерството за финансии ги демантира тврдењата од техничкиот министер за труд и социјала Фросина Ременски дека повеќе од месец дена не се исплаќаат налози за социјална помош и други социјални надоместоци.

Од Министерството велат дека тврдењата на техничкиот министер за труд и социјала Ременски се неточни и очигледно станува збор за уште еден обид да се манипулира јавноста како дел од нечија политичка агенда.

Налозите за социјални надоместоци и другите категории за кои Ременска тврди дека се доцни еден месец со исплата, ги има доставено во Трезорот дури во петокот минатата недела. Значи техничката министерка која се жали дека доцни исплатата од Трезорот, задоцнила со доставување на налозите за исплата. Веќе денеска сите се пуштени за исплата, освен оние кои се со технички грешки и кои се вратени на Труд и социјала на исправка.  Значи редовно се сервисираат налозите од Труд и социјала, како и сите други налози, не доцнат месец дена со исплата како што тврди техничката, бидејќи потсетуваме дека станува збор за мартовски надоместоци кои се исплаќаат во април. Што се однесува на мартовската исплата на родилките, таа веќе целосно е извршена, велат од Министерството.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.