Министерство за култура: Алаѓозовски зборува за теми кои не ги познава

Министерството за култура реагира на изјавата на претседателот на Комисијата за култура на СДСМ Роберт Алаѓозовски, кој обвини дека во Годишната програма нема пари за значајни споменици на културата.

– Со денешната петта прес-конференција Роберт Алаѓозовски ќе остане запаметен како човек кој одржал најмногу прес-конференции на теми за кои не е квалификуван и воопшто не ги разбира. Сметаме дека секое продолжување на медиумската комуникација со Алаѓозовски како прв човек на таканаречениот Совет за култура на СДСМ е несуштинско, безпредметно и непродуктивно, се вели во реакцијата од Министерството за култура.

Министерството за култура соопшти дека во иднина ќе се воздржи од било каков коментар за ставовите изнесени од негова страна.