Министерство за култура ја вдоми и сопругата на директорот на „Tелма“

Лидија Кировска, сопруга на директорот на телевизија „Телма“ Атанас Кировски, е нововработена во Министертвото за култура кај Роберт Алаѓозовски.

Вработувањето на Кировска во Министерството за култура е уште еден од многуте случаи на масовни вработувања, не по клуч на професионалност, туку по клуч на пријатества, непотозам и политички интерес, пишува „Курир“.

Додека граѓаните чекаат исполнување на ветувањата за повисока минимална и просечна плата, за укинување на радиодифузната такса, како и уште многу други ветувања кои Заев и СДСМ во кампањата ги даваше, а сега ретерира од нив, новата власт се зафати со вдомување на своите кадри во државните институции.

Покрај директорски позиции недолго после преземањето на власта СДСМ под државна капа ги стави и други партиски членови, активисти на Сорос, како и лица кои се познати од „Шарената револуција“, кои причинија огромна материјална штета на објекти низ Скопје, како што се Зоран Бојаровски, Бојан Маричиќ, Дане Талески, Марјан Забрчанец, Петрит Сарачини, Никола Наумовски, Петар Арсовски, Ѓунер Исмаил, Бранимир Јовановиќ и многу други.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.