Министерство за култура: Нема да има промена на фасадите на МОБ и НУБ

Министерството за култура најостро ги демантира информациите кои ги пласираа некои од медиумите и некои претставници на политички партии, а кои се однесуваат за наводна барокна промена на постоечките фасади на националните установи Македонска опера и балет и националната и универзитетска библиотека Свети Климент Охридски во Скопје.

Од Министерството за култура овие информации ги оценија како паушални и невистинити и оттаму напоменуваат дека станува збор за национални установи чии објекти се изградени според конкретни идејни решенија во втората половина на минатиот век и нивниот изглед е автентичен со тоа нема да има никаква промена на фасадите на овие објекти.

Министерството за култура континуирано вложува во унапредувањето на условите во сите установи од областа на културата, а меѓу многубројните проекти , во моментов во тек е целосната обнова на големата сала во Македонската опера и балет, како и проектот за реконструкција на објектот на НУБ „Свети Климент Охридски“, како и целосна обнова на читалните во оваа установа. Министерството за култура како и досега, така и во иднина ќе продoлжи со постојаната грижа за унапредување на условите во кои фунционираат сите установи од областа на културата, се вели во демантот од Министерството за култура.