Министерство за здравство објави оглас за проектот „Ало докторе!“

Во рамки на Програмата „Здравје за сите“, Министерството за здравство почнува со реализација на проектот „Телефонска линија за медицински совети Ало Докторе!”.

За таа цел Министерството за здравство го објави огласот за изразување на интерес на доктори кои би работеле во новоформиран повикувачки центар кој ќе обезбедува соодветни здравствени услуги (консултации и упатства), за сите граѓани .

Докторите кои ќе работат во овој центар, потребно е да бидат доктори на медицина или специјалисти од која било специјалност во медицината, со најмалку 10-годишно работно искуство како доктори, особено од областа на интерна медицина, анестезиологија, педијатрија, трауматологија, инфектологија, кардиологија и неврологија.