Министерството за финансии и НБРМ на средба со инвеститори во европските градови

Од 14 јули претставници од Министерството за финансии и Народна банка на РМ ќе имаат средби со инвеститори во неколку европски градови по повод потенцијално издавање на еврообврзница од страна на Република Македонија.

Рочноста и сумата на која би била издадена еврообврзницата ќе бидат точно одредени по завршувањето на роуд-шоуто, зависно од општите услови на пазарот на капитал и пројавениот интерес за запишување на обврзницата.

Издавањето на еврообврзницата е со цел финансирање на буџетските потреби за оваа и следната година, како и исплата на досепани обврски и обврски кои ќе доспеваат во наредниот период, вклучувајки ја и издадената еврообврзница од 2005 година, која доспева во 2015 година.