Македонија

Министерството за финансии исплати 305,2 милиони денари субвенции за полјоделски култури

Министерството за финансии исплати 305,2 милиони денари субвенции за полјоделски култури

Министерството за финансии исплати 305,2 милиони денари субвенции на 18.688 земјоделци за одгледување полјоделски култури.

Финансиската поддршка по хектар обработлива земјоделска површина за полјоделски култури изнесува 9.000 денари.

Исплатени се субвенции на земјоделци кои одгледуваат пченица, јачмен, пченка, ‘рж, овес, ориз, тритикале, леќа, кикирики, соја, маслодајна репка, добиточна репка, афион, граор, еспарзета, добиточен грашок, наут и луцерка низ цела територија на Република Македонија.

Владата со редовна исплата на субвенциите за земјоделците останува доследна во поддршката на земјоделството како една од носечките гранки на македонското стопанство.