Министерството за финансии ја задолжи Македонија за 43,93 милиони евра

Министерството за финансии на аукцијата во вторникот издаде државни хартии од вредност во износ од 2,701 милијарди денари или 43,93 милиони евра.

„Станува збор за 12-месечни државни записи во износ од 1,741 милиони денари со камата од 1,85 проценти, петгодишни државни обврзници во износ од 80 милиони денари со камата од 2,50 проценти и 15-годишни државни обврзници во износ од 880,50 милиони денари со камата од 3,80 проценти“, соопшти Министерството за финансии.

Притоа се најавува дека во среда, по основ на претходно издадени државни хартии од вредност, ќе отплати 2,001 милијарди денари (32,55 милиони евра). Разликата од 700,01 милиони денари (11,38 милиони евра) ќе биде искористена за активности предвидени во Буџетот на Република Македонија.

Владата предводена од СДСМ успеа за само 76 дена земјата да ја задолжи за 145.836.220 евра, или 1.918.897 евра на ден.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.