Министерството за финансии презентираше нов софтвер за јавни набавки

Во Министерството за финансии во саботата беше презентиран најновиот софтвер на бирото за јавни набавки, со цел овозможување поголема транспарентност и отчетност во процесот на склучување договори за јавни набавки.

Новина во надградениот систем е објава на склучените договори, бесплатен преглед на тендерската документација, критериумите и условите и поради транспарентноста на самите договори, може да се прават натамошни анализи.

Бирото за јавни набавки, во состав на Министерството за финансии, во насока на отворање на податоците ја направи јавно достапна платформата Отворени Податоци на веб страницата е-Набавки одржа и презентација за медиумите.

Вработени од Бирото за јавни набавки ја презентираа новата алатка „Отворени Податоци“, која овозможува сите заинтересирани страни да можат да прават персонализирани анализи и истражувања за системот за јавни набавки или за конкретни институции и носители на самата набавка