Македонија

Министерството за образование и наука повторно се стекна со ISO Сертификат за квалитет

Министерството за образование и наука повторно се стекна со ISO Сертификат за квалитет

Министерството за образование и наука по втор пат се стекна со Сертификат за управување со квалитет, односно за креирање, управување и унапредување на образовниот систем во дејностите на основното, средното и високото образование, како и за планирање, организирање, мотивирање и координирање на науката и техничко-технолошкиот развој во Република Македонија.

Станува збор за ресертификација на системот за управување со квалитет, која се спроведе согласно барањата на Стандардот МКС EN ISO 9001:2009 ( македонска верзија). Сертификатот го додели АМ ЦЕРТ Групација Аутомакедонија – Скопје.

Со ресертификацијата уште еднаш се потврди дека Министерството за образование и наука има воспоставено документиран систем за управување со квалитет и во целост ги  имплементира барањата на меѓународниот стандард  за квалитет ISO 9001:2008.