Министерството за одбрана даде поддршка за акцијата „Арсенал“

Министерството за одбрана на Република Македонија, целосно ја поддржува истрагата која ја спроведува Министерството за внатрешни работи.

Во соопштението испратено од Министерството се вели дека истото целосно е отворено за соработка со МВР за расветлување на случајот.

-Министерството за одбрана придава високо значење на интегритетот на вработените во Министерството, на припадниците на АРМ и компаниите со кои соработува.Воедно истакнуваме дека во интерес на истрагата Министерството за одбрана ќе се воздржи од натамошни коментари и информации, стои во соопштението од МО.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.