Министерството за одбрана троши четири милиони денари само за набавка на кекси

Министерството за одбрана троши повеќе од 4 милиони денари за набавка на кекси. Според огласот, кој може да се види на електронскиот систем за јавни набавки, министерството за одбрана има потреба од:

  • oвесни кекси со чоколадни парчиња
  • oвесни кекси со мед и суво грозје
  • кекси со чоколадни парчиња
  • кекси со интегрално пченично брашно со какао
  • кекси со овошно желе со чоколаден прелив и вкус на портокал
  • кекси со овошно желе со чоколаден прелив и вкус на вишна.

Поединечно, за овесни кекси со чоколадни парчиња се предвидени 633.333,33 денари, за овесни кекси со мед и суво грозје 633.333,33 денари, за кекси со чоколадни парчиња 550.000,00 денари, за кекси со какао и чоколадни парчиња 550.000,00 денари, за кекси со интегрално пченично брашно 785.714,29 денари, за кекси со овошно желе со чоколаден прелив и вкус на портокал 428.571,43 денари и за кекси со овошно желе со чоколаден прелив и вкус на вишна 428.571,43 денари.

Според објавата за јавни набавки, најповолна понуда дала фиирмата „ДАУТИ КОМЕРЦ“ Друштво за производство, промет и услуги увоз-извоз АД село Бојане, но конечната одлука се’уште не е донесена.

Огласот е објавен на 26 септември, годинава, а краен рок за понуди бил 17 октомври, годинава.Договорот со набавувачот треба да биде склучен за период од една година.

Според критерумите наведени во огласот, економскиот оператор треба да достави изјава дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари, потврда дека не е отворена постапка за стечај, за ликвидација, за платени даноци, придонеси, потврда од Регистарот на казни, дека нема забрана за вршење на професија, документ како доказ за регистрација во регистарот на објекти и оператори со храна издаден од Агенција за храна и ветеринарство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.