петок, 9 декември 2016  |  Вести денес: 36

Министерството за транспорт ги демантира наводите на Ременски

Најостро ги демантираме лагите што денеска на прес конференција ги изнесе техничката министерка за спроведување на изборите, Фросина Ременски во однос на распределбата на социјалните станови во Прилеп и Ресен.

министерство

Поврзани вести

Техничката министерка Ременски говори невистини и зборува за некаква партиска распределба на социјални станови, но таа е истата техничка министерка Ременски која упорно ја уценуваше Комисијата за распределба на социјалните станови да и доделат стан на лице од Прилеп кое е во блиски роднински односи со висок функционер на СДСМ.
Таа е истата техничка министерка Ременски која упорно одбиваше 119 лица да се вселат во социјалните станови, бидејќи не и беше удоволено барањето, стан да добие партиски член на СДСМ.
Сакајќи да привлече медиумски публицитет, излегува на прес конференција и на нарачани прашања одговара за распределба на социјални станови во Прилеп, притоа избегнувајќи да даде одговор зошто од членовите на Комисијата барала стан да добие лице што не ги исполнува критериумите и што е во блиски релации со функционер од СДСМ Министерството за транспорт и врски најосто ги демнатира лагите на техничката министерка Ременски. Социјалните станови се изградени за згрижување на најранливите категории на граѓани и само тие што ги исполнуваа условите согласно критериумите што се пропишани во Правилникот за распределба на социјалани станови, се здобија со право на користење на таквите станови.
Министерството за транспорт и врски најодговорно тврди дека постапката за распределба е направена согласно законските прописи и на транспарентен начин. Сите лица што ги исполнија условите согласно критериумите пропишани во Правилникот за распределба на социјални се здобија со право на користење на социјален стан.
Тоа што техничката министерка Ременски ја користи позицијата за да објавува лаги без конкретни докази, е само потврда на валканата кампања што ја спроведува СДСМ во време на изборната кампања.
Министерството за транспорт и врски нема да дозволи Ременски да ја партизира распределбата на социјалните станови посебно не за лица кои се од социјален ризик.

Најчитани вести