Министерството за здравство со препораки за користење на водата за пиење

Министерството за здравство упатува препораки за користење на водата за пиење во подрачјата кои се поплавени, со цел превенција и заштита од ширење на заразни болести.

Според добиените информации од Центарот за управување со кризи, поплавени се следните населени места: с. Просениково и с. Дабиле (општина Струмица), с. Босилово, с. Карбинци (општина Штип), с. Чешиново, с. Облешево, с. Чифлик и с. Уларци (општина Чешиново Облешево), с. Мачево, с. Будинарци, с. Ратевска река (општина Берово), с. Ношпал, с. Вешерејца, с. Тополчани (општина Могила), повеќе населени места по течението на Црна Река во Прилепско, с. Покрвеник, с. Прељубле, с. Дрмени, с. Езерани, с. Долна Бела Црква (општина Ресен), с. Ерџелија (општина Свети Николе), с. Мислешево, с. Мороишта, населба Езерски Лозја (општина Струга).

Доколку користат вода од приватен бунар или други приватни водоснабдителни системи кои не се под контрола на јавно претпријатие, жителите на поплавените населени места во овие подрачја треба да ја превриваат водата пред да ја користат за пиење.

Овие препораки треба да се почитуваат и во други населени места кои евентуално биле поплавени.

Воедно, повторно укажуваме на населението од овие подрачја да ги следи препораките од Центрите за јавно здравје.