Министрите на ЕУ утре на состанок за нападите во Брисел

Министрите на ЕУ ќе се состанат на барање на Белгија со цел да разговараат за терористичките напади во Брисел, наведе денеска Ард Ван Дер Стеур, министерот за правда на Холандија, земјата која моментално ја претседава ЕУ.

Состанокот ќе го организира Холандија, а се очекува да  биде одржан утре, пренесува Танјуг.

За терористичките напади на аеродромот и метро станица во Брисел, во кои вчера загинаа најмалку 30 лица, а повредени се над 200, одговорноста ја презеде Исламската држава.

Истрагата е во тек, а полицијата е во потрага на еден од осомничените кој успеал да побегне од аеродромот.