Министрите од СДСМ поднесоа оставки на функциите

Министрите и дополнителните заменици министри од СДСМ денеска поднесоа оставки од функциите во Владата на Република Македонија. Доколку остане во сила одлуката за распуштање на Собранието донесена на 18 јануари годинава бараме оставките претходно да се констатираат, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, пренесува МИА.

– Согласно Договорот од Пржино Владата во којашто учествуваме се формираше за организирање фер и кредибилни избори откако ќе се исполнат сите точки од овој договор, рече Спасовски во изјавата за медиумите дадена пред Владата на РМ.