Министрите Шапуриќ, Мерко и Апостолоска во посета на Технолошко индустриска развојна зона

Министрите Зоран Шапуриќ, Рамиз Мерко и Зорица Апостолоска ја посетија во четвртокот Технолошко индустриската развојна зона каде што остварија средба со директорот Виктор Мизо и неговиот тим.

За време на посетата на Технолошко индустриската развојна зона министрите Шапуриќ, Мерко и Апостолоска ги посетија фабриките „Ванхол“ и „Витило“, каде беа запознаени со комплетниот производствен процес, капацитетите и пласманот на финалните производи.

На состанокот министрите разговараа за функционирањето и производството во зоната, притоа посебен акцент се стави на обемот на извозот и увозот остварен од индустриските објекти во рамки на зоната. Се разговараше и за бројот на вработените, висината на плата на вработените, како и степенот на ангажирање на домашните добавувачи во финалните производи на компаниите во зоната.

Исто така, се осврнаа и на квалификационата структура на вработените на стопанските субјекти во зоната и проблематиката со обезбедување на квалификуван кадар и планирање на идни активности во зоната.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.