Министрите за финансии од еврозоната ќе одредат датум за следната посета на Тројката во Грција

Денес министрите за финансии од еврозоната ќе треба да одредат датум за следниот ревизија на Тројката меѓународни кредитори во Грција, соопштува весникот „Катимерини“.

Се очекува претставниците на ЕК, ЕЦБ и ММФ да се вратат наскоро во Грција и да останат во земјата до следната средба на Еврогрупата, што ќе се одржи на 10 март.