Свет

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за можни санкции против Украина

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за можни санкции против Украина

Министрите за надворешни работи на земјите од Европската унија во понеделник ќе одржат состанок во Брисел, на кој ќе се разговара за можноста на подготвување на санкции против Украина во врска со настаните во земјата, пренесе „РИА Новости“, повикувајќи се на извор од ЕУ.

„Да, тоа ќе е едно од прашањата на агендата. Некои земји членки сакаат да го разговараме на таа тема. Ќе бидат покренати и други прашања“, изјавил дипломат, одговарајќи на прашање дали ќе се дискутира за покренување на можни санкции против Украина.