петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 53

Миноски: Долгот намален за 1,4 проценти, Владата има одговорна политика

Владата со денешното намалување на јавниот долг покажа уште еднаш дека води одговорна политика во делот на управување со јавните финансии и управување со јавниот долг.

политика

Поврзани вести

Ова го изјави министерот за финансии Кирил Миноски, одговорајќи на новинарски прашања по доделувањето награди на конкурсот организиран по повод Денот на штедење 31 октомври.

Државата денеска врати 130 милиони евра обврски по основ на кредити од Сити банк и Дојче банк и со тоа го намали државниот долг за 1,4 проценти.

Средствата за оваа исплата се обезбедени од Еврообврзницата. Кредитот е земен пред пет години, а беше гарантиран од Светска банка.

Најчитани вести