вторник, 29 ноември 2016  |  Вести денес: 21

Миноски: Економскиот развој и нови работни места се во фокусот на новата програма на ВМРО-ДПМНЕ

Ќе се обидеме и во овој крај да донесеме што е можно повеќе странски инвеститори. Меѓутоа и со довршувањето на коридорите, и тоа Коридорот 8 и Коридорот 10 кои што ќе создадат услови за поголем економски раст, посочи Миноски во Гостивар.

minoski-gostivar-640x356

Последни вести

Кирил Миноски заедно со претставниците од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ беше во посета на Гостивар каде оствари средба со голем број на граѓани.

Тој со нив ги сподели главните приоритети на новата програма на владејачката партија, за следните парламентарни избори.

-Во фокусот на оваа програма како и на претходните е да се создадат услови за подостоинствен живот за граѓаните и повисок животен стандарт. Тоа ќе го направиме преку програма во која што главниот фокус го ставаме на економскиот развој, на креирањето на нови работни места, на потикнувањето на инвестициите и тоа како на странските, така и на домашните инвестиции. Подобрување на деловното опкружување, меѓутоа исто така и на преземање на низа други мерки, преку кои што ќе се поттикне развојот на малите и средните претпријатија, ќе се поттикне развојот на иновациите кај малите и среди претпријатија, меѓутоа исто так ќе се преземат и низа чекори и структурни реформи со кои што се има за цел да се поттикне економскиот раст и да се искреираат повеќе работни места, рече Миноски.

minoski-gostivar2

Тој ги информира граѓаните дека продолжуваат и мерките за помош на земјоделците.

-Во делот на земјоделието исто така продолжуваме со нашите активности, во кои што главен приоритет ќе ни биде креирањето на мерки со кои што ќе се стимулира модерното земјоделско производство, кое што ќе обезбеди поголеми приноси и посовремени методи на работа со што ќе се обезберат поголеми средства за самите земјоделци, ќе се придонесе во голема мера за економскиот раст. И понатаму интензивно продолжуваме со провлекување на странски инвестиции. Ќе се обидеме и во овој крај да донесеме што е можно повеќе странски инвеститори. Меѓутоа и со довршувањето на коридорите, и тоа Коридорот 8 и Коридорот 10 кои што ќе создадат услови за  поголем економски раст, посочи Миноски.

minoski-gostivar3

Најчитани вести